Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири жестоко реагираше на изјавата на Бујар Османи кој „предупреди“ дека во ДУИ биле „вознемирени“ по одлуката на претседателот Пендаровски да го назначи Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнување.

„Бујар вознемирен а Артан вчера кажа дека биле координирани со претседателот Пендаровски…. ццц
ДУИ мисли дека само полтрони може да се поставуваат на функции…
Не бе луѓе треба да сфатите дека има луѓе со кредибилитет и професионалци кој некој знае да ги цени.

Секоја чест и честитки за тимот претседателе Stevo Pendarovski!!!, напиша Зеќири на Фејсбук.

SHARE