Зекири: Нема шанси СДСМ да коалицира со ДУИ

„Ние сме отворени за соработка со сите политички партии на Албанците во земјава. Освен со ДУИ, нема шанса со нив да се оди заедно во предизборка коалиција. Тоа е исклучено како можност и нема да се случи“, изјави во синоќешното гостување на ТВ 24, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Тој вели дека СДСМ е единствена партија што има капацитет на претстојните избори да оди во коалиција со некоја од партиите на Албанците. 

„За останатите партии (на албанците) вратите се отворени и може да се случи за прв пат во историјата на нашата земја да имаме за парламентарни избори една таква предизборна коалиција. Јавноста за тоа брзо ќе биде запознаена. Секако дека таквата евентуална коалиција ќе се заснова на заедничка програма која обострано ќе биде прифатена од коалиционите партнери со кои СДСМ коалицира во моментов, но и од новата партија или партии. Ние оставаме простор за сите партии. Две веќе изјавија интерес за такво нешто. Тоа не е тајна.

БЕСА изјави дека е заинтересирана доколку ги усогласиме програмите, а ДПА исто така се нуди како можен коалициски партнер, а ние сме отворени секако и за другите партии“, изјави Зекири.

SHARE