Зекири од СДСМ најави влада без ДУИ!?

„Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!“, рече синоќа Мухамед Зеќири во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 каде жестоко дебатираше со пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими околу тоа кој е виновен за неодземањето на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

Зекири рече дека СДСМ во наредните денови ќе одржи состанок на кој ќе се разговара и за оваа тема.

Во дебатата се јави и Талат Џафери кој го осуди однесувањето на  Зеќири како пратеник и повторно одговорноста за случајот Вељаноски ја префрли на претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски.

SHARE

1 Коментар

  1. Ако партијата на мнозинскиот народ, македонскиот што победи на изборите и во општа и во етничка конкуренција не е во власта, не гледам зошто и победникот во етничка конкуренција кај најголемото малцинство да не биде исфрлена од власта, па да имаме власт од губитниците на изборите подржана од корумпирани и уценети пратеници. Евроатлантската меѓународна заедница претпоставувам дека ќе поддржи таков вид на демократија.
    Како не му падна на ум на Зекири дека ваков проблем може да се реши и со избори, наместо со купување гласови.

Comments are closed.