Зекири прашува зошто Талат го спасил Трајко

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири побара одговор од ДУИ и од Талат Џафери зошто го спасиле Трајко Вељановски, откако вчера претседателот на Собранието ја прекина седницата на која требаше да се гласа за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски.

„Зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски“, праша а „Фејсбук“  Зекири.

„Го спасија за да ги “спаси” некогаш ВМРО нив или …??? Народот вели: „Во секое зло за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија. И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: „Ако не се срамиш, прави што сакаш”.
П.С. ДУИ 2014 = 153.000, ДУИ 2016 = 86.000, ДУИ 2019 = …“, напиша Зекири.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.