Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му, вели Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес – коференција рече дена потпретседателот на партијата Мухарем Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му, јави Телма.

Зекири вчера на Фејсбук објави дека тој, неговата сопруга и ќеркичката се позитивни на Ковид 19.

Повеќемина кои имале контакт со него во последните денови доброволно или по препорака на лекари заминале во самоизолација.

SHARE