Зеколи до Заев: Не одложуваш избори туку пораз

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи реагираше на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој најави дека нема да се распушти парлементот доколку нема закон за ЈО.

„Прво беше НАТО и Шпанија. Сега е ЈО. Утре ќе биде дислокација на Чичко Стоилко како изговор за бегство од избори. На крај, не одложуваш избори туку поразот кој со вакви изјави сам си го најавуваш“, напиша Зеколи на Твитер.

SHARE