Зеколи до Заев: Со ресто Балкан лузерите ќе барате амин од Макрон. Адио ЕУ

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи му се обрати на премиерот Зоран Заев по трилатералната средба во Охрид со колегата Еди Рама од Албанија и српскиот претседател Александар Вучиќ во рамките на иницијативата „Мал Шенген“.

„Ма јашта. И референдумот успешен, и плати 500 евра, и датум добиен, и жичка нечепната. Сè што вети се оствари, ланско куково лето. Затоа, со ресто Балкан лузерите ќе барате амин од Макрон. Адио ЕУ.

‘Заев: Тоа што денеска го работиме не е алтернатива за полноправно членство во ЕУ’“, објави на Твитер поранешниот амбасадор.

SHARE