Зеколи: Доминантната самоидентификација на пратениците Албанци е исламска

Според екс амбасадорот и аналитичар Арсим Зеколи високиот број од 32 Албанци пратеници во новиот состав на Собранието донекаде погрешно наведува на помисла дека има зголемено влијание на Албанците во Парламентот.

Според него ако се оценува нивната самоидентификација не е Албанска туку религиозна односно тие се Муслимани а помалку Албанци.

Ова според Зеколи важи за сите партии од каде што има избрано пратеници.

“Фактот што има 32 Албанци во Собранието донекаде води кон погрешен заклучок. Ако треба да ја дефинираме нивната самоидентификација, доминантното самоодредување е религиозно (Ислам) а помалку етничко (Албанско). Тоа се однесува на сите партии: СДСМ, ДУИ, АА, Алтернатива, и Беса”, смета Зеколи.

За ваквата ситуација Зеколи ги обвинува погрешните стратегии на западните сили кои сакале да направат општество кое му одговара на СДСМ но и на турскиот претседател Ердоган.

“Пред да скокнете кон заклучок, ова е исто така резултат на “визионерската стратегија” на западот за истоштување на национално ориентираните Албанци за сметка на лажни евро, цивилни, мулти-култи лепешки во надеж дека ќе се изгради општество скроено по мерка на СДСМ. Ердоган може на Брисел да му каже:Teşekkür Ederim! (Ви благодарам)

SHARE