Зеколи: Манастирот Бигорски до 1945 бил дел од Албанската Православна црква

На денот кога манастирот Свети Јован Бигорски слави 1000 години од постоењето коментар на екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи кој за многумина беше оценет како провокација.

Според Зеколи манастирот до крајот на втората светска војна бил под јурисдикција на АПЦ.

“Убави писанија за Манастирот Св. Јован Бигорски (Manastiri Shen Mbiguri), кој преживеа 1000 години и “случајно изгоре” во 2009, посебно библиотеката и архивата со историјски записи. Она што недостасува во овие писанија е фактот што до 1945 бил дел од Албанската Православна Црква”, пишува Зеколи.

Дополнително Зеколи тврди дека во Бигорски (Manastiri Shen Mbiguri на албански јазик) , секој ноември се прославувал денот на Независноста на Албанија.

Во одговорите Зеколи добива различни објаснувања меѓу кои и дека Бигорски бил под албанска јурисдикција само додека траела Италијанската фашистичка окупација на западна Македонија на што тој не дава одговор.

https://twitter.com/ArsZek?s=09

SHARE