Зеколи: По лагата за датумот, сè што велат Османи и Димитров не вреди „пишлив боб“. Оставка!

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на Твитер објаснува зошто вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров треба да си дадат оставка.

„Османи, Димитров не се виновни за недобивање датум. Тоа не е причина за барање оставка. Капиталната причина за нивна оставка/отказ е дрското лажење за добиен датум во 2018 година. Сè што велат денеска не вреди ‘пишлив боб’. Лажеа тогаш, лажат денес. Ќе лажат и утре. Оставка“, твитна Зеколи.

SHARE