Аналитичарот и поранешен амбасадор, Арсим Зеколи на Твитер ја коментира изјавата на вице-премиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска дека „никој не е заштитен, никој не е под закрила на власта, а ние покажавме дека никој не е света крава. Никој. Напротив се покажа и дека институциите можат да функционираат без политички притисок“…

Зеколи на ова твитна „Рада:Муууу мууууу мууу“ на постот во кој помести наслов за актуелиот вицепремиер Кочо Анушев кој заедно со неговиот брат Тодор влегуваат во бизнис за изградба на мала хидроцентрала, асоцирајќи на конфликтот на интереси на бизнисменот Кочо и вицепремиерот Анѓушев.

SHARE