„Зелена книга“ награден со Оскар за најдобар филм

Филмот „Зелена книга“(Green Book), вистинита приказна за црн пијанист, ја освои првата награда на американската Академија за филмски уметности и наука, Оскар, за најдобар филм на синоќешнто доделување во Лос Анџелес.

Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој веќе освои Оскар за најдобра режија во 2014 година за филмот  „Gravity“, и годинава доби Оскар занајдобра режија за филмот „Roma“. Филмот доби и Оскара за најдобар странски филм.

Уште еден победник на вечерта е филмот “Боемска рапсодија“, биографија за пејачот Фреди Меркијури од групата „Квин“, чиј лик о игра Рами Малек, кој доби Оскар за најдобриот актер. Филмот и Малек претходно  освоија Златниот глобус.

Најдобра актерка е Оливија Колман за улогата во „ The Favourite”.

SHARE