Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, обелодени дека иако државата им даде финансика помош, дури 179 газди не им исплатиле плати на своите работици за октомври.

Станува збор за помош од 5,3 милиони денари или 86.000 евра наменети за плати на 338 работници.

УЈП, списокот со овие газди, ќе го испрати до Генералниот секретаријат на Владата по што се очекува тој да биде објавен во јавност.

УЈП сите овие фирми, откако првично ќе ги опомени, ќе спроведе постапки за присилна наплата на платите, потоа, ќе им испрати свои инспектори, кои заедно со трудовите инспектори ќе го чешлаат работењето на овие компании, врз нив ќе има прекршочни санкции, а нивните имиња ќе бидат испратени и до Јавното обвинителство, што значи дека за нив ќе има и кривично гонење. 

Глобата што ќе ја платат овие компании ќе изнесува од 500 до 1.000 евра за микро компаниите, па до меѓу 1.000 и 10.000 евра за големите компании. Фактор