Вицепремиерот Бујар Османи денеска на потпишувазње на договорот за изградба на 2 километри пат кон граничниот премин Блаце, најави дека од Скопје за Приштина ќе се стига за помалку од еден час, но не кажа ќе биде тоа.

Изградбата би требало да почне на пролет, а двата километри кои треба да бидат готови за 18 месеци, ќе чинат 12, 2 милиони евра, .

Претстои и експропријација на 68 парцели низ кои треба да поминува автопатот, а државата ќе го откупува земјиштето најмногу по 50 евра за метар квадратен.

Целиот автопат од 12,5 километри ќе чини 120 милиони евра и тој треба да се спои со косовскиот автопат „Арбен Џафери“ кој беше пуштен во употреба минатата пролет.

SHARE