Сопственик на нива со праски од Росоман ги пресече дрвцата незадоволен од откупот на ова овошје и – да не се нервира веќе, пренесе ТВ21.. Велат, барем повеќе да не се мачиме.

Регионот на Росоман е најголем во производство на праски во Македонија, таму во полн ек е бербата на праски. Производителите не се задоволни од цената од по 15 денари која не ги покрива ни производните трошоци.

Во Преспа јаболката од минатогодишната берба се откупуваат за половина денар, а големи количини од револт завршија или во Преспанското езеро или во реките.

Откупни пунктови во Росоман работат интензивно. Добро се плаќаат само праските кои имаат добар квалитет – велат од таму и нагласуваат дека на странскиот пазар може да се пласира само квалитетен производ, пренесува ТВ21.

SHARE