„Додека беше малолетен, се обидував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјави Жан Митрев за Сител.

На Филан Митрев, син од првиот брак на д-р Митрев, му се суди во судот во Франкфурт за планирање терористички напад. Младиот Митрев беше уапсен во ноември 2019 година, и од тогаш до судењето, кое почна на 2 септември, се наоѓаше во притвор.

Филан пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам, а германскиот медиум сега го опишува како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти..

SHARE