Полицијата уапси една жена осомничена за подметнување пожар во осумкатница во Париз, вио кој загинаа најмалку осум лица, а 30 други беа повредении,  вклучително и шест пожарникари.

Се стравува дека меѓу загинатите има и деца.

Жената која живеела во зградата е притворена.

„Во оваа фаза, од она што го знаеме, е дека инцидентот е криминал …’ велат од обвинителството во Париз.

Пожарот бил пријавен во вторникот околу 1 часот и брзо се прошири од вториот кат, каде што се верува дека започнал. Околу 50 луѓе биле во зградата, кои се обидуваа да стигнат до покривот за да избегаат од чадот и пламенот, додека други бараа помош од прозорците.

На 250 пожарникари сим требаа речиси пет часа за да го доведат пожарот под контрола, пренесува „Гардијан“.

SHARE

Оставете Коментар