Жените сепак ќе можат во пензија на 62 години


Предложените измени на Законот за работни односи не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години со минимум 15 години стаж.

Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.