Жерновски ја предупреди ЕУ: Без датум го губите кредибилитетот

Заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски смета дека Македонија направила голем чекор напред со Преспанскиот договор но дека ако за тоа не биде наградена, ЕУ ќе го влоши својот имиџ на Западниот Балкан.

“Со Преспанскиот договор ние направивме голем чекор напред. Ако ЕУ не ги награди нашите напори таа ќе загуби многу од својот кредибилитет во регионот и ќе испрати погрешна порака и до реформски ориентираните и до авторитарните владетели во Западниот Балкан”, изјавил Жерновски на форумот за Западен Балкан организиран од Институтот за Демократија од Скопје.