Жителите на Дебар Маало не сакаат зеленило, сакаат згради

„Зеленилото не е приоритет во овој план, ете ни го Градски парк, сакаме поголеми парцели да им обезбедиме станови на децата“, порачаа граѓани на вчерашната јавна презентација на Деталниот урбанистички план Градска четврт 3 12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2.

Планот се однесува на просторот од Градски парк кај бараките на Град Скопје до арената „Тодор Проески“, како и делот на Дебар Маало, од парк до зградата на Владата.

„Каде сте виделе во светот во центар на град меѓу зградите да има одалеченост и искористеност на парцелата до 70 проценти. Секаде објектите се залепени едни до други.

Не сакаме зеленило, си го имаме паркот во непосредна близина, сакаме развој за да можеме да им оставиме станови на децата.

Не ни требаат паркинг места, инвеститорите ќе направат подземно паркирање под зградите.

Не го сакаме планов, повлечете го“, извикувале граѓаните на претставниците на општина Центар кои им го објаснуваа планот, пренесе СакамДаКажам.

SHARE