Жозеф Дол: Орбан ја премина границата

„Дванаесет партии од редовите на Европска народна партија од девет земји денеска побараа исклучување или отстранување на унгарската партија ФИДЕС”, изјави лидерот на ЕПП, Жозеф Дол.

Орбан одамна е во судир со Брисел поради неговата цврста политика против имиграцијата и други проблеми. Непријателството ескалира сега пред изборите за Европски парламент во мај. ФИДЕС верува дека одбраната на христијанските вредности во Европа и запирањето на миграцијата се поважни од партиската дисциплина во редовите на Европска народна партија.

ЕПП има 217 пратеници во Европски парламент од 750 места, а 12 од нив доаѓаат од ФИДЕС.

Дол за германскиот весник „Ди Велт“ рече дека добил доволно писма за да го стави членството на партијата ФИДЕС на агендата на следните состаноци на ЕПП, зошто, според него, „има граници, а Виктор Орбан ја премина црвената линија“.

Европска народна партија е најголемата транснационална европска политичка партија, најголема партија во Европски парламент и ги обединува христијанско-демократските и конзервативните партии од Европска унија.

Орбан ги нарече „корисни идиоти“ оние кои бараат исклучување на неговата партија од ЕПП во Европски парламент и ги обвини дека им служат на интересите на неистомислениците од левиот центар.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.