Белгиската полиција, наводно, неколку часови држела затворени демонстранти во штала за полициски коњи во општината Etterbeek.

Повеќе од 400 лица биле уапсени на неодобрениот митинг на „Жолтите елеи“ во саботата во Брисел, според податоци од обвинителство.

„Сите сме тука на исто место, како стока, без никакви информации“, изјавил еден од притворените демонстранти“, како што  пренесува  веб-страницата Sudinfo.

Протестите во Белгија доаѓаат по оние против зголемувањето на данокот на горивата во Франција, кои почнаа на 17 ноември.

SHARE