„Жолтите елеци“ по 10 пат на улиците на Париз

Протестите против владата на претседателот Емануел Макрон продолжуваат и денеска на десетти последователен викенд.  

Демонстрантите се собираат од страна на Елисејските полиња и во близина на Ајфеловата кула, а се очекува нивниот број да расте во текот на денот, јавуваРојтерс.

Протестите започнаа во средината на ноември поради повисоките даноци на гориво, но прераснаа во масовни демонстрации против владата.

Претседателот Макрон, Macron започна серија национални дебати за да помогне да се смири јавното незадоволство.