И денес демонстрантите од движењето „жолтите елеци“ во помал број излегоа на улиците во Париз.

Под притисок на протестите кои стартуваа во средината на ноември, француската влада го укина планираното зголемување на даноците за дизел, кои беа причина за првите протести, но жолтите елеци прераснаа во пошироко движење против владините политики и зголемувањето на трошоците за живот.
Во декември, францускиот претседател Макрон воведе голем број мерки за решавање на националната економска и социјална криза и прогласи вонредна економска и социјална состојба.

Предложените мерки вклучуваат годишни бонуси за вработените и ослободувања од зголеменото оданочување на социјалното осигурување за пензионерите кои заработуваат помалку од 2.000 евра месечно.

'Yellow Vests' Movement Holds Protests in Paris for Eight Weeks in Row

'Yellow vests' movement holds protests in Paris for eight weeks in row

Posted by Sputnik on Saturday, January 5, 2019
SHARE

Оставете коментар