Жоро сменет од уредник на „Фокус“

Долгогодишниот новинар и уредник на повеќе дневни весници, Зоран Димитровски Жоро, без никакво образложение бил смемет од позицијата одговорен уредник на неделникот Фокус.

Тој, како што пренесуваат медиуми, се сомнева дека причина е серијата текстови во кои на сатиричен начин ја критикува актуелната владејачка гарнитура, а вклучително и премиерот Зоран Заев.

Наводно, Димитровски пред извесно време бил опоменат дека ваквите текстови пишувани на дијалект биле „неприфатливи и под нивото“ на Фокус.

SHARE