Каква беше атмосферата која ја направија македонските фанови од цела Европа на вчерашната средба на репрезентациите на Македонија и Унгарија во Виена, можеби најдобро опиша Станислав Жуков на прес-конференцијата по натпреварот.

„Атмосферата беше прекрасна. На теренот се чувствувавме како да играме во Македонија. Можеби и среќата ни го сврте грбот, но на дело го видовме и искуството на Македонија од играњето на вакви натпреварувања. Кире Лазаров на крајот го одлучи победникот“, рече Жуков, пренесе Gol.mk.

SHARE