Зибери ќе ја решава „дискриминацијата“ во приватните фирми!?

 Кандидатот за премиер на ДУИ, вели дека ако биде избран ќе ја решава дискриминацијата во приватните фирми каде припадниците на помалите заедници, според него, немале можност да се вработат.

„Додека во последните две години еднаквоста во јавниот сектор и администрација е масовно подобрена, во приватниот сектор уште сме далеку од тоа што го нарекуваме еднакви можности.

Кога зборувам за еднаквост не мислам само за Албанците, туку и за Турците, Бошњаците и другите помали заедници. Исто така и за Македонците. Ова од причина заради тоа што еднаквоста не е само неопходност за модерно општество, туку таа ја зајакнува економијата, рече Зибери според кој ова ќе биде едно од многуте прашања што тој како прв премиер Албанец ќе ги решава.

SHARE