Зиков поврзува судско-извршителско подземје со МВР и тајни служби

Новинарот и директор во МЕПСО Љупчо Зиков кој важи за близок на премиерот Заев тврди дека дел од судиите, од извршителите и голем дел од нотарите се дел од македонското подземје.

Кога нивните методи на работа ќе се искомбинираат со полиција (која сега ја води Оливер Спасовски или тајната служба која ја води Виктор Димовски, исто така член на СДСМ) тогаш се работи за моќен систем во сива зона, тврди Зиков.

“Нивните доживотни функции и делегирани ингеренции извршни од државата, да закачат табла со грбот на Македонија на своите канцеларии, ги однесоа во прекомотна позиција по која тие влегоа во длабоки криминални шеми …

Сега можам да наредам најмалку три еклатантни примери …

Тие се остатокот што не е решен за она што во 2015 и 2016 се викаше -заробена дрзава-

Сите три сегменти што погоре ги нотирав се генерирани во ваква форма смислена во времето на владеењето на Груевски со крајна цел – притисок врз населението, шиканирање на политички неистомисленици, рекетирање на бизнисот и индустријалците и нивно постојано држенје во заложништво со пиштолот вперен во главата … како и криминал врз грбот на немоќното граѓанство! Кога тоа ке го искомбинирате со полиција и ефективна тајна служба добивате моќен систем во сива зона.

Судството, извршителите и нотарите се сегмент што ефектно со силна извршна моќ го покрива, на овој, или оној начин, целото македонско население. Оттука, тоа е одличен маркет за корупција, рекет и организиран криминал.

Затоа се додека оваа сфера не се реши заробената држава во Македонија ке постои”, пишува Зиков кој од годинава е член на управниот одбор на една од најбогатите државни компании поставен од владеачката СДСМ во чии раце се МВР и тајните служби.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2414566002006459&id=100003592487870