Златаноска Попова: До септември децата да се вратат во училиште

Институциите да не спијат, да го искористат летниот распуст и да најдат модел од септември да ги вратат децата во училишните клупи, бара надворешниот соработник на Првата детска амбасада Меѓаши, активистката Катерина Златаноска Попова.

Таа апелира летниот распуст инстиуциите да го искористат и да најдат вистински модел за враќање на децата во образованието.

Во интервју за Слободен Печат на четвртиот месец од кризата до Ковид 19 таа зборува како вирусот влијае врз секојдневието на најмладите?

“Затворањето на училиштата и на градинките беше голем шок за нив, иако првично имавме реакција на радост, особено кај децата од основните и средните училишта. Но, како изминуваше времето чувствата им се сменија и тие почнаа да ја сфаќаат тежината на целата ситуацијата бидејќи драстично им се сменија секојдневните навики. И дружењето веќе не им е исто. Најголемиот проблем е што коронавирусот го предизвика кај децата е што повеќе го имаат оној вистинскиот, правилен раст и развој. Најмногу загрижува развојот на емоционалната состојба која е исклучително важна во најраните години од детскиот живот.

Буквално сега во овој период децата се соочуваат со многу забрани и од родителите но и од институциите. Од тоа да не излегуваат надвор и да го поминуваат времето во дружење со своите другарчиња, па се до тоа што во изминатите неколку месеци не можеа да одат во училиште и да учат на начинот на кој што досега беа навикнати, да спортуваат”, вели Златаноска Попова за Слободен Печат.

Целото интервју на следниов ЛИНК

SHARE