Знае ли Захариева за торжествениот пречек на Тито од нејзните предци во Софија? (ВИДЕО)

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева е од Пазарџик и можеби немала никој во фамилијата да и раскаже за пречекот на на маршалот Тито во Софија организиран од нејзините предци во ноември 1947 година.

Да знаела за овој торжеатвен настан, како што го нарекувале тогашните медиуми, можеби немаше Македонија да ја навредува преку Тито, југословенскиот претседател кој во Софија деновиве пред години бил пречекан од 300 илјади граѓани.

Во тој период Софија имала помалку од половина милион жители што значи дека 3/5 од населението излегло да го пречека комунистичкиот лидер кој одеднаш стана проблем за македонскиот влез во ЕУ.

Според извештаите за посетата Тито во Софија бил пречекан како никој друг странски државник предходно.

“Меѓу народот имало среќа и возбуда од доаѓањето на југословенскиот вожд”, пишува во извештаите од посетата која се случила нецела година пред кавгата меѓу Југославија и Информбирото на Сталин во кое дел бил и домаќинот Ѓорѓи Димитров.

Министерката Захариева можеби не слушнала за торжествената посета на Тито кого е можно да го дочекале и некои од нејзините претци но тоа не е причина таа да ја игнорира бугарската историја со Тито а на Македонија да и измислува причини за вето во ЕУ поради југословенскиот водач.

SHARE