Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат односот на застапникот на раководството на 1 ТВ Бојан Јовановски кон новинарката на Макфакс Мери Јордановска по повод нејзините критики за емисијата „Инсајдер“ емитувана на оваа телевизија.

„Менаџерот Јовановски кој е син на доминантниот сопственик на „1ТВ“,преку своите објави се обидува да изврши притисок врз новинарката со тоа што јавно ја прозива да провери дали сопственикот на медиумот каде што таа работи преговара со „1тв“ за соработка.

ЗНМ на овие реакции гледа како на закани по работното место на новинарката и обид да влијае врз нејзиното известување, но и нејзината критична опсервација на објавени медиумски содржини.

За СЕММ таквите критики единствено може да се разберат како закани кон новинарката и нејзината критичка проценка за начинот на којшто работат други медиуми, нешто што како носител на професијата таа апсолутно смее да го прави и е дозволиво со Законот за медиуми.

SHARE