ЗНМ молчи: Уредник на Телма брутално навредуван на социјални мрежи

Еден статус на уредникот на Телма Боби Христов предизвика брутални навреди против него на социјалната мрежа Твитер.

“Не знам што се мачи Миланка со оскаровска ретроспектива. Оскар за режија, сценарио и глума за филмчињата на Мицкоски”, напиша Христов.

Меѓу одговорите на постот има и крајно навредливи пораки:

“А ти за оваа мисла што ја напиша имаш награда,седам дана путовање на мој ку*ац”

“Копито Северџанско”

Друг корисник на Твитер пишува:

“Грујо го нема веќе. Уште стара плоча пушташ.

Има нов цар на Северна.

Ајде напиши нешто за скандалозната распределба на пари од култура.
Напиши за тендерите, за криминалот, за различните изјави во 2 дена на Спасовски во врска со киднапарите во Шутка.

Шо Боби, не можиш”.

Христов не е прв новинар што е жестоко навредуван на социјалните мрежи но засега Здружението на новинари не реагирало на ваквите навреди.

Сите коментари на статусот на новинарот Христов кој е сопруг на близок соработник на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска овде:

SHARE