„Непримерениот и дрзок однос проследен со закани за тужби за клевети кон новинари ја засени денешната прес конференција која ја одржа Драги Рашковски, Генералниот секретар на Владата на Северна Република Македонија.

Ваквите директни закани за иницирање на судски постапки кон новинари од страна на високи претставници на Владата претставуваат притисок кон новинарите што може да резултира со самоцензура.

Генералниот секретар на Владата Рашковски, потребно е да знае дека со неодговарањето на новинарски прашања на прес конференција, кој пак тој самиот ја организира но и со дрскиот однос кон поедини новинари присутни на овој настан, го нарушува и концептот на отвореност и транспарентност која Владата се обидува да го застапува“ се вели во реакцијата на Здружението на новинарите на денешната прес-конференција околу договарањето тендер за М-НАВ.

Однесувањето на Рашковски на  денешната прес конференција претходно беше осудено од АВМУ и од Македонската асоцијација на новинари (МАН), а естоки реакции имаше и на социјалните мрежи.

SHARE