ЗНМ: Заев да се извини на Бранко Героски

„Го повикуваме претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред с’е на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите“ стои во реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија Здружението на новинарите на Македонија кое осуди  изјавата на премиерот Зоран Заев, кој изјави дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт.

„Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето“.

Од ЗНМ му препорачуваат на премиерот, наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.

ЗНМ го осуди и непримерниот говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција.

„Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на Претседателот Заев и бараме да јавно да се извини“.

SHARE