ЗНМ загрижено за вработените во 1ТВ

ЗНМ изразува загриженост за состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници вработени во 1ТВ телевизија кои поради последните случувања во телевизијата чиј неформален газда Бојан Јовановски – Боки 13, може да останат на улица.

Ова дополнително може негативно да се одрази и на севкупниот пазар на трудот во медиумскиот сектор“, реагира Здружението на новинарите на Македонија во врска со

„Оваа состојба нека биде последен аларм за итно спроведување на најавените и ветени реформи во медиумската сфера, но и во вкупниот медиумски бизнис, преку неопходен мониторинг во однос на начинот на кој медиумите се финансираат и во однос на сопствеништвото.

Ги повикуваме Владата и опозицијата, преку Парламентот да најдат механизам за итно деблокирање на собраниските процедури преку кои треба да продолжат реформите важни за нашата медиумска сфера. Потенцираме и потсетуваме дека се пробиени сите рокови за екипирање на програмскиот совет на МРТ и на Советот на ААВМУ, се вели во соопштението на ЗНМ.

„Од Здружението, АВМУ да спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1ТВ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Бараме од Основното јавно обвинителство во Скопје како и од надлежните институции со брза и ефикасна истрага да придонесат да се оттргне сомнежот во јавноста дека институциите делуваат селективно и не работат во интерес на граѓаните. Брза правна разрешница на случајот ќе биде многу значајна и за иднината на вработените новинари и медиумски работници во 1ТВ“.