Зоран Иванов: Криминалците се рекетираат преку власта која се однесува како судија

Новинарот и претседател на надзорниот одбор на Македонската информативна агенција (МИА) Зоран Иванов смета дека Владата се однесува како судија во битката меѓу криминалците.

“Жалното е што криминалците си се рекетираат преку власта, а таа си се поднаместува како тениски судија во нивната игра”, пишува новинарот кој во владите на СДСМ бил портпарол на Влада, директор на МИА, како и портпарол на претседателот Црвенковски.

Својот коментар Иванов го дава по апсењето на Боки 13 и Зоран Кичеец кои се обвинети дека го рекетирале Орце Камчев но тој не дава конкретни имиња на кого мисли кога вели дека се пресметуваат криминалци додека владата се однесува како судија.

SHARE