Премиерот Зоран Заев кој присуствува на Состанокот на НАТО лидерите во Лондон, потврди дека во текот на денот ќе се сретне со мандатарот на новата шпанска владина коалиција.
Кралството Шпанија е единствената земја членка на НАТО која поради политичка криза и неможност да формира стабилна влада досега не го ратификувала македонското членство во Алијансата.
Сега по последните избори, во Мадрид е конституиран парламентот и Заев очекува добри вести од Санчез иако не очекува информација за конкретен датум кога Македонија ќе го добие последното “Да” за столче и рамноправност во НАТО.
Извор: Телма