Зошто “Аџибем Систина“ стана цел на напад?

Откога во текот на вчерашниот ден болницата Аџибадем Систина утврди дека над 15 проценти од вкупно тестираните се носители на коронавирусот болницата стана цел на напад од повеќе фактори.

Меѓу другите кои ги спорат тестовите на Систина е и министерот Филипче кој вели дека тестовите на оваа болница мораат да бидат проверени во државните здравствени институции затоа што функционираат на различна методологија.

“Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус”, вели Филипче чија реакција доаѓа откако вчера во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.

Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со симптоми за инфекција.

За упатени во бизнисот нападот врз Систина се случува затоа што болницата со резултатите од тестирањето ќе покаже дека тактиката на властите е со мал број на тестирани да се скрие вистинскиот број на заболени или носители на вирусот за да не се создава паника ниту простор за критика на институциите.

“За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика”, е официјалниот став на министерот Филипче за тоа кои луѓе се наоѓаат на листата на заболени.

Македонија и без тестовите на Систина со 170 потврдени заболени од јавното здравство на милион жители веќе е на прво место во регионот.

Во врска со искажаните сомнежи за веродостојноста на тестовите кои ги користи од Систина велат дека
COVID – 19 IgG/IgM Rapid Test кој се користи во Клиничката Болница Аџибадем Систина за детекција на присуство на коронавирусот ( Ковид- 19) е произведен во Холандија и претставува серумски рапид тест кој како хроматографски тест се користи за детектирање на антителата IgG-IgM. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото.

“Во врска со дезинформациите кои се шират во јавноста, а се поврзани со овие тестови кои се произведуваат во Холандија и ги користи КБ Аџибадем Систина, Болницата денес ќе ја извести и холандската амбасада во нашата земја. Во исклучително сериозна ситуација кога се бориме со еден животозагрозувачки вирус, со единствена цел спречување на неговото ширење и зачувување на здравјето на луѓето недозволлива е било каква манипулација во јавноста на оваа тема.

Според препораката на Светската здравствена организација за масовен скрининг на населението, овие тестови активно со таа цел се користат воСАД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Обединети Арапски Емирати,Индонезија, Бразил и Романија. Со вакви брзи тестови, како единствено разумно моментално решение, бидејќи како и сите земји зафатени од пандемијата се во трка со времето започнаа и Бугарија и Србија.

Покрај иницијалните 15.000 тестови Аџибадем Систина набави уште 35.000 COVID – 19 IgG/IgM Rapid тестови следејќи ги препораките за рана детекција на вирусот како една од главните мерки со цел да се спречи неговото ширење.

Предходно болницата Аџибадем Систина и фирмата Орка Холдинг ги понудија своите болнички и хотелски капацитети за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

SHARE