Зошто ДУИ го бојкотираше Заев за НАТО?

Ниту еден од високите партиски претставници на ДУИ не се појави на церемонијата по повод кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Владата.

Иако биле поканети, на церемонијата не дојде лидерот на ДУИ Ахмети, спикерот на парламентот Талат Џафери, вицепремиерот Хазби Лика, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, пратеници и други претставници.

Пред Владата го немаше ниту претседателот на комисијата за Европски прашања Артан Груби.

Единствен присутен бил Бујар Османи кој на церемонијата бил поканет како вицепремиер за евроинтеграција.

Официјално од ДУИ велат дека нема проблем во односите со СДСМ но јасно е дека меѓу двете владеачки партии има сериозен конфликт.

Партиски извори неофицијално велат дека во ДУИ се лути затоа што Заев се обидел да ја “украде” церемонијата за знамето на НАТО и да добие поени кај јавноста.

Со тоа според изворите премиерот направил сериозна грешка во односите со Мала Речица.

Со оваа “нечиста” игра на Заев тој речиси ја уништил можноста да ја добие поддршката на ДУИ за избор на консензуален кандидат.

Однесувањето на Заев ќе ја натера ДУИ да размислува за сериозна длабинска анализа и за инволвирање на други опции во идните разговори за коалицирање и политичка соработка, велат добро информирани партиски извори.

SHARE

3 Коментари

  1. Ваков текст може да напише само глупав новинар како Момироски. Од ДУИ биле „лути“ што Заев се обидел „да ја украде“ церемонијата? Како, со што, Заев се обиде да ја украде церемонијата? Не бил присутен ни претседателот на Собранието Џафери!? Џафери денес присуствуваше на седница на Собранието на Словенија. Како може да биде присутен и на седницата во Словенија и на церемонијата во Скопје?

Comments are closed.