Зошто Лабина Митевска не ја кажа целата вистина за наградата во Пула

Свесна манипулација или ненамерен пропуст на
“Сестри и Брат Митевски Продукција”, која денеска македонската јавност ја излажа дека сестрата на продуцентката Лабина Митевска, Теона Стругар, добила “ЗЛАТНА АРЕНА ЗА РЕЖИЈА”.

Продукцијата до медиумиве го испрати следново соопштение кое не ја кажува целата вистина.

“Со огромна радост ви соопштуваме дека филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Петочленото жири едногласно и ја има доделено оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека “прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот “, пишува во своето соопштение продукција Митевски.

Но реалноста е сосема друга.

Филмот на Теона Митевска добил награда за најдобра режија во категоријата на малцински копродукции а не во главната конкуренција на 66 Пулски фестивал, како што може да се помисли од соопштението на продукцијата.

Категоријата малцински копродукции е најмалку важната категорија на фестивалот што гледа и од редоследот на наградите даден од фестивалот но сепак е важна награда и продукцијата односно продуцентката Лабина Митевска воопшто немала потреба да крие за која категорија се работи.

Главната награда за најдобра режија на пулскиот фестивал ја доби режисерката Дана Будисављевиќ за “Дневникот на Диана Будисављевиќ”.

Линк до Пула Филм Фестивал каде што се гледа неточноста на продукцијата Митевски.

SHARE