Зошто СДСМ дозволи Мицкоски “да гледа филм” што лани му го забрани

Колку е катастрофална економската и финансиската состојба во земјата најдобро покажува драматичната промена во однесувањето на СДСМ од пред нешто повеќе од една година во поглед на цената на струјата.

Лани летото СДСМ самоуверено тврдеше дека цената на струјата во никој случај нема да биде зголемена.

Тогаш јавно преку соопштение партијата на Заев му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и му порача дека “нема да го гледа филмот поскапа струја”.

Само една година подоцна СДСМ донесе одлука за најголемо зголемување на цената на струјата во Македонија.

“Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Цената на електричната енергија нема да се зголеми, граѓаните нема да добиваат повисоки сметки за електрична енергија.

СДСМ останува посветена на политиките што обезбедуваат пониски трошоци за живот и повеќе пари во семејните буџети”, пишува во соопштението на СДСМ од 4 јули 2019 година кое се уште стои на нивниот веб сајт.

Зошто СДСМ за само една година му овозможи на Мицкоски да го гледа филмот што лани му го забранува може само да се претпостави но ако вакви огромни ценовни потреси има во еден од најстабилните сектори во економијата може само да се замисли каква ценовна катастрофа не очекува од септември во другите гранки каде ситуацијата е уште пострашна.

Поскапувањето на цената на струјата за 7,4 % освен повисоки сметки за електрична енергија за граѓаните ќе донесе и верижна ценовна реакција на многу други производи и услуги што во услови на пандемија може да значи социјална катастрофа за граѓаните.

Што објави СДСМ лани во јули:

Мицкоски инсистира да поскапи струјата, но нема да го гледа тој филм