Зошто Софија ги крие сведителствата од 1946 до 1955 година (ФОТО)

Бугарските власти ниту дома ниту во преговорите со Македонија не сакаат да зборува за еден период од бугарската историја кој ги побива сите денешни тези, барања, позиции, меморандуми или самонаречени аргументи за посебноста на Македонците како дел од бугарскиот народ и за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик.

Десетина години по втората светска војна државата Бугарија се уште издавала сведителствата за ученици од кои јасно се гледа дека децата освен бугарски јазик го изучувале и македонскиот јазик.

Од документот сведителство кој може да се најде на социјалните мрежи а го објави порталот Денешен јасно се гледа дека Бугарскиот и Македонскиот јазик за Бугарија се два учебни предмети и со тоа два различни јазици.

Зошто ако децата биле Бугарчиња би учеле македонски јазик а не српски, грчки или турски, не можат да одговорат сите бугарски политичари, лингвисти и историчари заедно.

Затоа во Бугарија со децении се кријат, уништуваат сите документи во кои се зборува и се докажува посебен македонски ентитет.

За нивна несреќа тоа е невозможно.

Линк до денешен.мк

SHARE