Зошто Трамп не носи маска?

Американскиот министер за здравство Алекс Азар изјави дека „уникатните околности“ во кои се наоѓа претседателот Доналд Трамп се причината што тој не носи маска, дури и кога владата ги убедува луѓето да го сторат тоа, пренесува АП.

Според министерот, Трамп како водач на слободниот свет, редовно се тестира и се наоѓа во „многу различни околности од другите луѓе“.

Азар одби да каже дали некогаш побарал од Трамп да стави заштитна маска.

На почетокот на април, кога беа објавени препораките од федералните здравствени власти според кои граѓаните мора да носат маски на јавни места, Трамп отворено изјави дека нема да ја следи таа препорака.

Трамп тогаш изјави дека не може да се замисли себеси со маска на лицето додека разговара со светските лидери од Белата куќа.

SHARE