Зошто Заев, како и Хитлер, Мусолини и Сталин, не може да добие Нобелова награда

Да бидеш номиниран за Нобелова награда е една работа, сосема друга работа е да ја добиеш.

Порталот офф.нет.мк во својата анализа објаснува зошто е речиси неверојатно Заев да стане лауреат на најпрестижната светска награда за мир.

Наградата за мир треба да се доделува на поединци и институции кои „вложуваат исклучителни напори за јакнење на братството меѓу народите, за распуштање или намалување на постоечките армии и за промоција и поддршка на мировни здружувања“, стои во тестаментот на Алфред Нобел.

Па сепак, од 1901 година, откако е доделена првата, не постои друга категорија во која победникот толку често и толку жестоко бил оспоруван. Една од причините е што наградата за мир има  вродена мана: со своите постапки лауреатот може отпосле да го девалвира она за што бил награден, што не е случај со добитниците во другите области (ако генијално си открил некој закон во физиката, законот си стои колку и после да си оглупел). А има и добитници што и претходно ја засрале работата, само што, ете така, биднало.

Уште полудо е кај номинациите: во 1939 година, во официјална трка се Бенито Мусолини и Адолф Хитлер а „добриот човек Сталин“ во игра е дури два пати, во 1945 и во 1948 година. Хитлер и Сталин, секој колку може, имаат убиено 40 милиони луѓе.

Целата анализа на off.net.mk

https://m.off.net.mk/zhivot-i-zabava/zanimlivosti/zoshto-zaev-nema-da-dobie-nobelova-nagrada-za-mir