Зошто Заев не се пофали за “средба” со Трамп? (ВИДЕО)

Премиерот Заев денеска не се пофали дека имал средба со американскиот претседател како што тоа го стори пред две години во Обединетите нации во Њујорк.

Причината е едноставна тој во Лондон на самитот на НАТО немаше воопшто да се види со Трамп доколку сам не му пријдеше од зад грб за да се поздрават.

Пред две години кога ПиАрот на Заев објави средба со Трамп беше откриено дека средба како и сега воопшто немало туку дека Заев во минување искористил прилика да се ракува а поздравувањето кое беше прикажано како средба го снимаше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Снимката со Трамп иако немало средба кабинетот на Заев сепак ја користи во видеото од настанот со цел да прикаже дека тој се поздравил со американскиот претседател.

SHARE