Заев, сепак, консумира алкохол (ФОТО)

Според фотографијата која ја објавува самиот Зоран Заев сепак не ја кажувал вистината кога изјави дека не пие алкохол.

Од фотографијата објавена од престојот на одмор во Преспа се гледа дека пред него има филџан кафе, чаша со вода но и речиси допиена стаклена чаша која се користи за алкохол а во неа има темна течност.

Во ваква чаша никогаш не се служат безалкохолни пијалоци.

Тврдењето дека никогаш не пие алкохол Заев го даде откако првиот човек на интегративците Али Ахмети во интервју за албанска телевизија рече дека Заев е човек кој едно збори на едно место под дејство на алкохол, а друго на друго место кога е целосно трезен.

“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, истакна Ахмети за SyriTV.

Заев во одговорот до Ахмети негираше дека пие алкохол, зборувајќи за себе во трето лице.

„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи, Зоран Заев може со македонско вино, домашна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Заев.

SHARE