Путин и Вучиќ на свадба на Герхард Шредер во октомври!?

Германските медиуми шпекулираат дека  рускиот претседател Владимир Путин можеби ќе присуствува на уште една свадба оваа есен, откако пред неколку дена приватно беше гостин на свадбената церемонија на шефицата на австриската дипломатија, Карин Кнајсл, кога присуството на рускиот претседател предизвика бран критики и негодувања во Австрија и во европските престолнини.

Овој пат Путин би требало со своето присуство да го почести поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (74) на неговата свадба закажана за 5 октомври.

Медиуми јавуваат дека на церемонијата ќе присуствуваат повеќе VIP гости, а покана за свадба веќе добил српскиот претседател Александар Вучиќ кој е близок пријател на  Шредер.

Од Кремљ засега тврдат дека Путин немал такви планови и дека уште несе разговарало за таквата можност.

Весникот „Билд“ објави дека Берлин не ја отфрла можноста рускиот претседател Владимир Путин да пристигне во германскиот главен град во октомври на венчавката на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер 1998 до 2005 година) на Ким Со-Јанг од Кореја.

„Путин наскоро може да се врати во Германија, да присуствува на венчавката на неговиот пријател Герхард Шредер“, пишува весникот, мислејќи на блискиот контакт меѓу двајцата политичари.

Шредер во моментов е претседател на Одборот за изградба на гасоводот „Северен поток“ и претседавач на руската фирма „Роснефт„.

Според весникот, свадбената церемонија е закажана за 5 октомври и може да се одржи во хотелот Адлон во центарот на Берлин. Шредер во мај се венчаше со новата избраничка, а сведбенета церемонија ќе се одржи во октомври. Ова е петти брак на Шредер овој пат со 25 години помладата сопруга.