Жителка на Ново Село испратила видео на кое се гледа како две лица исфрлаат отпад од возило на јавна површина на потегот Новоселски пат, во скопската општина Ѓорче Петров.
Според нејзиното сведочење, станува збор за јавна површина каде лицата, наместо отпадот да го одложат на соодветно место, го исфрлаат директно од возилото.
Снимката повторно го отвора прашањето за несовесното однесување и загадувањето на јавните површини, како и за потребата од поголема одговорност при одлагањето на отпадот.
View this post on Instagram