Состанокот беше организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц. На него беше истакната важноста од засилени напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и Соединетите Американски Држави.

Премиерот Мицкоски потврди дека Македонија продолжува да ја поддржува потрагата по праведен и траен мир во Украина преку дијалог, дипломатија и координација со сојузниците.

,,Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.
На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД.
Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници”, објави премиерот Мицкоски.
