Македонија

Милошоски: Не може Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ја следеа демократската опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, да држи лекции за демократија

Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури […]

Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури од 90-тите, денес повторно се јавува како гласноговорник на истата таа матрица што ја држеше Македонија во стегите на корупцијата и политичкиот прогон.

Нема поголема иронија од тоа потпретседателката на партијата која 7 години ја претвори државата во приватен имот на кланот Заеви и нивните ортаци, да зборува за „узурпација“.

Во времето на СДСМ, МВР беше сервис за криминалните структури блиски до власта, а началниците беа партиски извршители за притисок врз неистомисленици, или за штанцање на фалц-пасоши на белосветски нарко босови.

Денес, кога конечно се воспоставува ред и се расчистува со тие остатоци од минатото, на Чупеска и СДСМ им пречи што повеќе нема простор за нивните тајни договори и злоупотреби.

Што се однесува до „режимот“ – режим имаше кога Вие, госпоѓо Чупеска, заедно со Вашите ментори и шефови, ја газевте волјата на народот, ја злоупотребувавте полицијата и ги полневте џебовите на Вашите кланови. Тоа време заврши.

Или можеби заборавивте на времето кога изгoреа луѓе во модуларната болница, а Заев, Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ и другите Ваши најблиски соработници ја разнебитуваа државата? Тоа се вашите „демократски“ стандарди.

Наместо да се труди да ги задоволи инстинктите на Фрчкоски и да му угоди докажувајќи се колку е лојална, нека се вразуми и нека сфати дека Фрчкоски ќе ја откачи на првата кривина.., или на првиот паркинг.

Наместо лекции за капацитет, објаснете им на граѓаните како токму Вашите политички покровители ја втурнаа државата во најголемите национални порази и економски грабежи во последните децении. И имајте на ум дека ниту расфрлањето со терминот “режим”, ниту китењето со пердувите на “Шарената деволуција”, нема да Ви помогне да ја покриете разединетоста која ја имате во СДСМ, токму поради Вашата лојалност кон оние кои Ве доведоа до тоа дереџе!, пишува меѓудругото во својата објава Милошоски..

https://www.facebook.com/share/p/19Z2xnzc24/

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Актуелното решение за Агенцијата задолжена за „Еразмус“ е во координација со канцеларијата на ЕУ

СДС да провери прво во своите редови пред да зборува за криминал и злоупотреба на финансиски средства, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ дека новата в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, била осомничена во истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) Актуелното решение е во целосна […]

Дали скапата храна во рестораните дополнително ја подгрева инфлацијата?!

За инфлацијата, која во јули, според официјалната статистика, е зголемена за 4,8 отсто споредено со јуни минатата година, премиерот на 11 август рече дека „услугите засега се најголемиот генератор“ на зголеменото ниво.

Лицата со ниски примања можат да аплицираат за набавка на инвертери

Правото на инвертер клима-уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима-уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која политичка партија, доаѓа дали е тоа од ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа од коалицијата ВРЕДИ од политичката партија ЗНАМ или некој којшто во минатото несовесно работел за што се констатирани големи криминали, изјави денеска премиерот Христијан […]

УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници – Инвеститорите добиваат добра опција за вложување!

УНИБанка АД Скопјe ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.  Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со по единечнано минална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра.  Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% […]

To top